
Александар.
ТЕЛО. УМ. ДУХ.
Здраво. Јас сум Александар, фитнес тренер со над 15 години искуство во полето на здравјето, физичката активност и личниот развој. Моето патување започна од длабока љубопитност – истражување на исхраната и нејзиното влијание врз човечкото тело. Тоа истражување прерасна во животна посветеност кон холистички пристап на здравјето и благосостојбата.

Природна сила
Првите 10 години ги посветив на рекреативен тренинг и развој на тело преку природни методи, без допинг и брзи решенија – туку со дисциплина, конзистентност и вистински личен развој. Со текот на времето учествував и на фитнес натпревар, но мојата вистинска мисија отсекогаш била да им помогнам на другите во создавање нови, здрави животни навики, интроспекција и внатрешно набљудување наместо споредба и компетитивност со надворешниот свет.
Фитнес
Во делот на фитнесот, покрај практичното искуство кое е исклучително на прво место имам стекнато и државен сертификат за личен тренер од ББФФМ (Боди билдинг и фитнес федерација на Македонија) и меѓународен сертификат од IBFF (интернационална боди билдинг федерација), што претставува двојно независно неформално образование признато на интернационално ниво.
Целосен пристап
Мојот пристап оди подалеку од класичен тренинг – тој е целосен, интегрален. Освен што работам како личен тренер, сум и мајстор на Реики техника, што ми овозможува да работам со енергетскиот баланс на телото преку вибрација, фреквенција и човечкото биополе. Во својата работа користам и кристални терапии, како и звучни терапии – за поттикнување на енергетската хармонија, смирување на умот и зајакнување на врската тело–дух.

Планината
Паралелно, повеќе од 10 години сум дел и од светот на екстремниот спорт – скијањето. Работев 4 години во патролниот тим на спасувачи во зимски услови на скијачки патеки, а последователно и 5 години како лиценциран ски-инструктор од МАИСС 2 ниво (Македонска асоцијација на инструктори за снежни спортови). Тоа искуство ме обликуваше дополнително како личност што знае да реагира прецизно, да работи под притисок и секогаш да ја става безбедноста и напредокот на клиентот на прво место.
Сертификати



Заедно
Денес, работам со луѓе кои се подготвени на вистинска промена – не само на телото, туку и во умот и во духот. Ако и ти чувствуваш дека е време за нешто повеќе од класичен тренинг – ќе ми биде чест заедно да чекориме на тоа патување.
